Како да си ја вратите енергијата?

Празничниот период може да биде навистина исцрпувачки. Бескрајно купување на подароци, припреми, патувања, уредувања на домот, посети и многу други празнични должности кои потполно ви ги трошат батериите.

kako-da-si-ja-vratite-energijata-1

Основните неколку начини за враќање на енергијата, како што е сонот, правилната прехрана и физичката активност не секогаш се доволни.

Понекогаш пробајте ги овие мали трикови кои може да ви помогнат за само неколку минути да се почувствувате свежи и одморени за денот кој допрва почнува.

Уловете го сонцето
Во тмурните зимски периоди многу е важно да не го пропуштате уживањето во сонцето, иако температурите се ниски. Докажано е дека недостатокот на светлина поттикнува депресивно расположение.

Шетајте
Дури и кратка прошетка од 10 минути може да ве опушти, а свежиот воздух да ја подобри циркулацијата.

Бидете енергични
Се почесто се однесуваме онака како што се чувствуваме, а не обратно. Пробајте умствено да се убедите дека денот и не е така тмурен. Смејте се и почесто разговарајте со најблиските. Забрзајте го вашето секојдневие.

Слушајте музика
Добро ни е познато како влијае омилената песна на сите наши сетила. Затоа не пропуштајте ниту еден ден да уживате во неа.

kako-da-si-ja-vratite-energijata-2

Разговарајте со енергични луѓе
Бидете опкружени со позитивни луѓе. Искористете ги позитивните пријатели и примете ја нивната енергија, наместо да ја ширите негативната.

Направете нешто што одамна го сакате
Ќе се зачудите колку многу ситните работи влијаат на секојдневното расположение. Понекогаш заборавете на она што морате да го направите и разгалете се со нешто што сакате да го направите.

Расчистете го домот
Чистата спална соба многу влијае на сонот и на секојдневните подготовки. Утрото ќе ви започне многу посмирено ако можете да пронајдете се што ви е потребно и ќе излезете расположени од дома.

Хранете се здраво
Докажано е дека едно јаболко или портокал многу подобро влијае на расположението, отколку сладолед или чоколадо. Засладете се, но не заборавајте да внесете и витамини за да се чувствувате свежо и одморено.

Опуштете се
Не сте пратиле честитка на време? Колачињата се испекле малку повеќе од лани? За сè има решение. Пратете честитки сега – никој нема да ви замери ако стигне 2 дека подоцна. Престанете да се оптоварувајте со малите проблеми.

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg