Неверојатно е што сè може да направите за 24 часа
Може да се изненадите од работите што временски може да постигнете да ги направите во текот на еден ден. Ова е листата од 10 неверојатни подвизи кои секој може да ги оствари во рок од 24 часа.
Да истрчате 276 километри
Ова е докажано на ултрамаратон на кој американскиот тркач за 24 часа истрчал 276 километри.
Да одржите 8 концерти во 8 градови
Ова лето, психоделичниот рок бенд Flaming Lips го собори рекордот, кој претходно го држеше Џеј Зи со одржани 8 концерти во 8 различни градови.
Да направите 801 тетоважа
Во 2008 година, Hollis Cantrell го направи овој подвиг реалност. Во рок од 24 часа тој успеал да истетовира ни помалку, ни повеќе – точно 801 тетоважа.
Направете 46.001 склекови
Пред речиси 10 години Charles Servizio направи точно толку склекови, за кои му беше потребен еден ден.
Да направите 6.176 фигури од балони
Tim Thurmond е човекот кој во 2004 година направи повеќе од 6000 фигури од балони за хуманитарни цели, во текот на еден ден.
Да одиграте 48 километри во стилот на Мајкл Џексон
Тој сигурно би бил горд на рекордот неодамна поставен од страна на човек кој тоа успеал да го направи за само еден ден.
Да решите 4.786 рубикови коцки
Тоа е повеќе за 4.785 коцки од што еден просечен човек може да реши, но сепак е возможен подвиг.
Да играте во секое можно казино во Лас Вегас
Кога татко и син се соединиле и си го поставиле овој предизвик, сфатиле дека тоа можат да го направат за помалку од 24 часа. Успеале да играат во секое казино во Лас Вегас и за само 19 часа овој предизвик бил совладан.
Да изведете 105 Банџи скокови
Рекордот беше поставен минатата година во Јужна Африка, со скок на околу секои 14 минути.
Можете 14,607 пати да пукнете со рака
За 24 часа речиси дупло повеќе пати можете да пукнете со рака отколку да гушнете некого.