Новогодишни коктели со пенливи вина
Доколку решивте дека оваа Нова Година ќе ја дочекате во домашна атмосфера, со вашите најблиски, пробајте да подготвите интересни новогодишни коктели со кои пријатно ќе ги изненадите.
Пенливото вино најмногу прилега за ваков тип на прославувања, па затоа на гостите понудете им прекрасни пенливи коктели со кои ќе наздравите за почетокот на 2013тата.
- Mimosa се подготвува така што половина чаша ја полните со пенливо вино, а половина со цеден сок од портокал. Освежително и вкусно!
- За да добиете вкусен коктел Bellini, во висока чаша наполнете две третини пенливо вино и дополнете со густ сок или пак пире од праска.
- Kir Royale е коктел направен од мешавина на пенливо вино и ликер од црна рибизла.
- Bubbles 'N' Blue е мешавина на пенливо вино и син ликер, како на пример Hpnotiq ликерот.
- Lavender Champagne се приготвува со неколку зрна шеќер, арома на лаванда и полна чаша пенливо вино. Неверојатно ароматичен и сладок коктел.
- Champagne Punch е мешавина на пенливо вино со една четвртина чаша цеден лимон, сладок ликер по вкус, и сецкани праски, јагоди и неколку боровинки.
- Barbotage е последниот, но најпознат новогодишен коктел. Тој се приготвува така што мешате 2 до 3 голтки Бренди со полна чаша шампањ и декорирате со јагода.
Експериментирајте, вкусете и уживајте!