7 причини зошто вашиот ден да започне порано
Иако понекогаш ви делува дека од станувањето рано немате енергија, тоа е погрешно.
Со тоа што ќе станете во 12 на пладне не само што губите време, туку и волја за обавување на обврските. Наутро, и покрај помалку отспиените часови имате повеќе енергија и повеќе време на располагање.
Постојат уште неколку причини зошто умерениот сон е подобар од преспивањето.
Ова се основните 7:
- Прилично е тивко наутро, што е одлична шанса за да ја подобрите вашата концентрација
- Попродуктивни сте заради времето кое го имате на располагање
- Уживате во утринското сонце додека го пиете вашето прво кафе
- Имате доволно време за да си приготвите вкусен, здрав појадок, без да се брзате дека ќе задоцните и да излезете гладни
- Имате доволно време на располагање, така што ќе успеете да ги избегнете утринските гужви каде и да одите
- Имате повеќе енергија и елан за новиот работен ден, наместо да се излежувате и да се мислите како се ќе стигнете да направите на време
- Редовното преспивање е лошо за здравјето и придонесува повеќе главоболки, болки во грбот, па дури и депресија