10 работи кои треба да ги направите пред крајот на светот
Иако го преживеавме крајот на светот во 1999 и 2000та година, општо е позната изреката „трета среќа“ ма може на универзумот ќе му се посреќи овој пат.
Сепак, ние обичните смртници кои понекогаш сакаме да живееме, кои понекогаш не ни пречи да постоиме, можеби би сакале да направиме некои работи пред да му се оствари желбата на Космосот. Мора да си направите индивидуален список и да побрзате денес.
Ова се неколку предлози за финалната to-do листа:
1. Да успеете во петок да се качите на автобус пред пензионерите.
2. Да си ја платите сметката за интернет – за да можете први да твитнете дека апокалипсата започна.
3. Да имате секс со некого кого органски не го поднесувате.
4. Да се испцуете за последен пат со сите на семафори од сабајле.
5. Да почнете со диета.
6. Да им се јавите на сите што ве вадат од такт и да им кажете се што ви лежи на душа.
7. Да изедете едно тенџере сарми од тазе скиселената зелка.
8. Ах, да и мезе со ракија таман за пред крајот да се стоплите.
9. Да му плукнете на комшијата на шофершајбна.
10. Да излезете сред ноќ на тераса, да вриснете и да ја ослободите вишокот енергија од вас.