Направете сами: Невообичаени новогодишни елки

Еден од главните симболи за дочекот на новата година празниците по неа е токму новогодишната накитена елка. Таа му дава посебен шмек на просторот во кој се наоѓате, а воедно е и одлична декорација во било која просторија да се наоѓа.

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-01

Ако имате желба оваа година да ја смените обичната пластична елка, погледнете неколку идеи кои можете да ги направите сами или со помош на вашите најблиски. Користете ги материјалите коишто ви се најприфатливи и испробајте да направите интересна, креативна новогодишна елка.

Ова се нашите предлози:

Искористете неколку стари даски или дрва, обојте ги и закачете ги на ѕидот во облик на елка. Потоа додадете украси и светкави ленти по ваша желба.

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-1

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-2


Друг начин е вашата новогодишна елка да ја направите од колаж хартија или пак мали округли картони кои ќе ги залепите во облик на елка. На врвот додадете ѕвезда. Во зависност од просторијата можете да ја направите шарена или пак во едноставна, бела боја.

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-3

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-4

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-5


Третиот вид на елка е малку нестандарден. Од картон или тврд материјал обликувајте конусоидна фигура. Потоа можете да залепите слатки бонбони, шарени материјали, обоена хартија или украси.

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-6

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-7

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-8

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-9


И последниот наш предлог е слатка, мала елка која можете да ја подарите на вашите сакани. Со само неколку бонбони, малку поинаку распоредени, сигурни сме дека ќе измамите насмевка на лицето на кое ќе ја подарите. Погледнете и обидете се да го направите најоригиналниот подарок.

napravete-sami-nevoobicaeni-novogodisni-elki-10

Би можело да ве интересира:

Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Подароци кои не треба да им ги купувате на најблиските (и што да изберете наместо тоа) Предмети за домаќинството, спортски реквизити или вага за мерење... Што да им по...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg