Животни приказни: Чудесната жена без нозе вози скејтборд и оди на раце
Роуз Сигинс е родена со ретко генетско пореметување, заради што нозете по раѓањето и биле деформирани, а стапалата свртени во спротивен правец.
Со оглед на тоа дека не си ја вршеле функцијата, кога имала само две години, мајка и се одлучила дека е подобро да и ги ампутираат нозете. Тоа го направила затоа што сакала ќерка и да има нормално детство.
Роуз пораснала покрај својот ментално заостанат брат во Колорадо. Целиот живот верувала дека нејзината мајка ја донела вистинската одлука кога и ги отстраниле нозете.
- Ако земете Барбика и и ги извадите нозете, она што ќе остане е торзото со рацете. Јас имам здрави и нормални органи, само немам нозе – рекла Роуз која се движи со помош на раце или скејтборд.
Без оглед на хендикепот, Роуз живее како секоја друга личност, излегува, се дружи, а скоро и се омажила. Нејзиниот сопруг Џим често се шегува на нејзина сметка:
„Блазе си ти, тебе никогаш не ти се ладни стапалата.“
Роуз денес е мајка на две деца- што е уште еден феномен во медицината.
Погледнете ја приказната за оваа чудесна жена: