Животни приказни: Близначките кои 50 години работат како проститутки
Близначките Луиз и Мартина Фокенс од Амстердам, 50 години работеле како проститутки и во тој период, по сопствено признание, имале секс со 355.000 мажи.
70-годишните сестри по повлекувањето од бизнисот објавија книга во која ги откриваат сите тајни на порно индустријата. Промовирајќи ги своите мемоари во емисијата „The Morning“, близначките признале дека спиеле со 355.000 мажи.
Луиз открила и дека заради проблемите со артритисот се повлекла пред 2 години, на што водителите реагирале со: „Не е ни чудно што имате артритис. Мора да имате многу флексибилни колкови!“. На проституција ги натерала сиромаштијата.
„Пријателите на мојот сопруг ни сугерираа дека тоа е најдобар начин да се заработи, па се одлучивме да пробаме. На почетокот нашите родители се бунеа, но подоцна се навикнаа“ – раскажала Луиз која започнала да се занимава со проституција кога имала 20 години. Нејзината сестра Мартина се уште работи со клиенти, но само неколку пати неделно.
„Кога слушнав дека сестра ми се занимава со проституција, бев во болница затоа што го раѓав своето прво дете. Не можев да поверувам. За да бидам поблиску до неа, се вработив во борделот како чистачка, но после 2 години и јас влегов во бизнисот“ – изјавила Мартина која има 3 деца, додека Луиз раѓала 4 пати.
Со тек на време, сестрите успеале да се ослободат од макроа и да отворат сопствена јавна куќа, но и го основале првото неформално здружение на проститутки.