Кула од луѓе
Градењето на кула од луѓе, или кастели, е стара каталонска традиција која влече корени уште пред 200 години и повеќе, а тоа најдобро се демонстрира на Тарагона натпреварот во кули од луѓе, кој се одржува секоја втора година.
Во натпреварот кој се одржа минатиот месец, учествуваа најдобрите тимови од земјата, повеќе од 6000 луѓе.
Секоја кастела (каталонски збор за замок) ја гради тим од 75 до 500 членови, на сите возрасти, без разлика во полот, религијата, расата или социјалниот статус.
Со ова се уриваат и социолошките разлики меѓу луѓето и поттикнуваат дружење.
По логика, послабите и помлади членови се наоѓаат на врвот, додека „тешкашите“ ја сочинуваат основата на кулата. А, за да биде поинтересно, додека се крева кулата, музика го следи целиот процес.