Што е потребно за да станете Бонд девојка?
Неизбежен елемент од филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд се неговите девојки кои покрај тоа што се многу убави, се и интелигентни. Но, што е потребно за станете девојка на Бонд?
Јасно е дека не може која сака да биде девојка за Бонд, таа мора да исполнува одредени критериуми. Па, по 23 филмови за тајниот агент, што е потребно за една девојка да се најде во неговиот филм?!
Идеална боја на коса: кафеава
Иако во половина од филмовите доминираат девојки со црни коси, Даниел Крег покажува афинитет кон девојки со кафена коса.
Идеална висина: 173 см
Во историјата на Бонд ниту една девојка не била повисока од него, дури и кај најнискиот Бонд досега, Даниел Крег – иако Олга Кириленко беше пониска од Бонд за само 2,5 цм.
Идеална националност: Американка
Иако Бонд имал девојки од Полска, Кина, Русија, Јамајка, Шведска, Италија, Филипините, од родната Британија, во половина од филмовите девојките биле Американки.
Идеална возраст: 29 години
Бонд немал проблеми ниту со постари, ниту со млади девојки. Најстарата девојка на Бонд имала 39 години (во Goldfinger), најмладата 21 година (From Russia with Love ), значи просек од тоа би бил 29 години – како Олга Кириленко во „Зрно утеха“.
Ниво на слава пред продолжение на Бонд: речиси никакво
Со право светот се чудеше кои се Бернис Мархло и Наоми Харис за најновото продолжение на Џејмс Бонд. Ако ја следите низата, ќе видите дека девојките на Бонд многу ретко имале меѓународна слава пред да глумат во филм со тајниот агент.
Тоа е бидејќи продуцентите и режисерите сакаат секогаш да не држат изненадени. Само 30% од актерките во Бонд досега биле познати и пред тоа на некој начин – некои многу често како модели.