Кога мажите ќе се претворат во жени...
Ако имате добар шминкер, можете да се трансформирате како камелеон во што и да посакате, па дури и од маж да станете жена и обратно.
Серијата фотографии Half-Drag, на американскиот фотограф Leland Bobbéa прикажуваат две страни на њујоршките „кралици“: екстравагантни средени диви и обични мажи кои се кријат зад тони шминка.
„Низ моќта на периките и шминката овие мажи се во состојба потполно да се трансформираат и да ја пронајдат својата женска страна, симултано покажувајќи ја и биолошката машка страна на личноста“, изјавил фотографот.
Оваа серија фотографии повеќе пати е наградувана на бројни интернационални фестивали за фотографии, и објавувана во водечките модни списанија ширум светот.