Креативни ентериери за детска соба
Иако при уредувањето на собите во домот предност им се дава на другите соби, сепак подеднакво важен е и просторот каде најмладите ќе го поминуваат денот, па затоа е важно и нивната соба да биде убава.
Во зависност од домот може да се комбинираат разни бои, сепак треба да знаете дека децата најмногу ги претпочитаат живите бои и кривите линии во собата, независно дали се работи за кружни софи, креветчиња на два ката или заоблена масичка.
Разните и живи бои не само што се интересни за око, туку докажано е и дека ја развиваат фантазијата кај децата и влијаат за помирен сон.
Затоа решивме да ви претставиме неколку дизајни за детски соби од најмала возраст до периодот пред пубертет.
Си одбравте омилена комбинација?