Кој ќе го глуми нарко - босот Пабло Ескобар?
„Paradise Lost“ е името на новиот филм во кој ќе глуми Бенисио Дел Торо, но уште на старт да разјасниме дека нема никаква поврзаност со истоимената книга на Џон Милтон, туку сосема друга, но иста толку бурна тематика.
Се работи за најновиот обид, овој пат на италијанскиот режисер Andrea di Stefano, да ја претстави приказната за колумбискиот нарко- бос, Пабло Ескобар, на големото платно.
Ова е прв режисерски обид на младиот актер, а како најсоодветна „фаца“ за својот лик, тој го избрал неповторливиот Бенисио Дел Торо.
Приказната во „Paradise Lost“ ќе се одвива околу младиот сурфер Ник кој ќе се заљуби во една девојка Марија – чиј вујко е Пабло Ескобар.