Неверојатно мал, а комотен дом
Кога станува збор за уредување на 47 метри квадратни, нема голем простор за голем избор. Меѓутоа, при уредување на овој стан, изборот на мебел и додатоци е неверојатен.
Белата боја доминира во секоја соба. Дневната соба во склоп со трпезариската маса и столчиња изгледа неверојатно големо благодарение на белите ѕидови, под и мебел.
По некој шарен детаљ ја разбива монотонијата. Големиот број на полици и кутии за складирање на работите навистина си ја вршат работата.
Спалната соба исто така е опремена за релаксација и уживање, со минималистички детали и додатоци.
Белата боја повторно е она на кое се должи пространоста на собата. Оставен е простор дури и за работна соба која вклучува работно биро и столче во бела боја, како и интересни решенија за сите книги и материјали.
Нема кој не би посакал ваков минијатурен, а одлично уреден стан.