Дали сте поголем авантуриста од Џејмс Бонд?
Џејмс Бонд е најверојатно најпознатиот шпион на светот, што му ја донесе титулата и за еден од најголемите авантуристи.
Фиктивниот лик од романот на Ијан Флеминг ги спречуваше злобните да завладеат со светот во своите филмови, па не е чудно што во текот на акциите има посетено преку 50 земји, а некои од нив се:
Србија, Исланд, Швајцарија, Шпанија, Франција, Холандија, Италија, Австрија, Грција, Германија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, САД, Мексико, Гватемала, Панама, Боливија, Чиле, Бразил, Јамајка, Хаити, Порто Рико, Куба, Канада, Русија, Либија, Турција, Хонг Конг, Јапонија, Кина, Виетнам, Тајланд, Индија, Пакистан, Мадагаскар, Уганда, Египет...
Во филмовите најчесто ја посетува Велика Британија (11 пати), САД (8 пати), Италија (5 пати) и Франција (4 пати).
Вкупната вредност на сите автомобили кои ги има возено е $14.216.238 долари, а најскапиот вредел $8.665.000 долари – Астон Мартин DB 5 кој го вози во филмовите Goldfinger и Thunderball.
За време на бројните авантури, познатиот агент 007 има испиено:
- 21 мартини
- 19 вотка мартини
- 16 џин мартини
Вкупниот број на километри кои ги има поминато од Лондон до Бонд локациите и назад е речиси 300.000 километри.