Подгответе: топло чоколадо со кокос
Едноставен рецепт кој ќе ви одземе помалку од 10 минути, а ви нуди незаборавно уживање.
Доколку сте љубител на топеното чоколадо и кокосот задолжително испробајте го. Сигурни сме дека топлото чоколадо со кокос многу брзо ќе ви стане омилен топол пијалaк.
За 1 чаша топло чоколадо потребно ви е:
- Половина чаша кокосово млеко
- Половина чаша обично млеко
- 3 реда чоколадо
Измешајте го кокосовото и обичното млеко во длабок сад, на тивок оган се додека не зоврие. Откако ќе постигне температура, постепено додавајте по 2 коцки чоколадо и мешајте додека не се растопат. По желба засладете со шеќер или пак декорирајте со кокосово брашно.
Послужете во големи шолји, споделете го со вашите најблиски и уживајте!