Што е среќа?
Што е среќа?! Мал е бројот на оние кои можат да одговорат на ова прашање. А, уште помал на оние кои можат да го искажат ова со зборови. Затоа што, среќата не може да се изрази.
Дали би можеле да им ја опишете светлината на луѓето кои целиот живот го поминале во темнина? Или да ја опишете реалноста на некој кој единствено што прави е што сонува?
Дознај ја својата темнина и таа ќе исчезне... дури тогаш ќе дознаеш што е светлина.
Дознај ги своите кошмари онакви какви што навистина се, и тие ќе исчезнат, а ти ќе се разбудиш во реалноста.
Дознај ги своите лажни убедувања и тие ќе се изгубат... затоа што само на тој начин ќе почувствуваш што е среќа!