Декорирајте го домот со розови нијанси
Декорирањето на домот во стандардните бои може да биде навистина здодевно и монотоно.
Затоа при следното реновирање или декорирање на вашиот дом изберете необична и весела боја, како на пример розовата.
Можеби звучи како голем предизвик, меѓутоа розовата делува младешки, забавно и романтично.
Додатоците се најдобриот начин да ги испробате новите бои. Користете светли бои на мебел и декорирајте со шарени перници. Розовата одлично се вклопува со тиркизната, сивите нијанси, како и темно виолетовата. Друг интересен начин се ѕидните тапети. Додадете розово шаренило на ѕидовите, а за сметка на тоа декорирајте со неутрални нијанси.
Веќе извесно време е познато дека розовите нијанси влијаат позитивно, па зошто да не измамите насмевки од секој кој ќе го посети во вашиот дом?