Кој е за живот во куќа на вода?
Пристаништата се одлично место до кое би сакале да живеете, но што правиме ако не можете да си го дозволите тој луксуз вашата тераса да има поглед на отворено море?
Со малку повеќе пари и креативност, интересно решение нуди дизајнерот Хуан-Сеок Ким кој го дизајнирал овој пловечки дом кој е наменет за живеење покрај било кое пристаниште на море, но зошто да не и езеро.
Пловилото е долго 15 метри, а во него ги има сите основни елементи што би требало да ги има еден обичен дом. На горниот кат има две спални соби, долу дневна со споена кујна, па дури и камин.
Во внатрешноста на овој „дом“ има и простор за прикачување на глисер или обичен чамец, а интересен податок е што електричната енергија се добива преку колектор на кровот.
Да не се лажеме, секако дека вакво нешто никогаш не би го заменило вашиот дом. Но, ако сте од оние со подлабок џеб, ова би претставувало совршено место за бегство од секојдневните гужви.