Омилено катче на вашето дете - „Мали креативци“

Вашите најмили конечно ќе можат да ги комбинираат двете омилени работи од своето секојдневие – играње и учење истовремено. Наша топла препорака за вашето детенце е „Мали Креативци“.

omilenoto-katce-na-vaseto-dete-mali-kreativci

Станува збор за креативен центар каде децата на возраст од 5 до 12 години ќе имаат можност да ја развијат својата фантазија и креативност, а притоа да биде разбрани од тимот професионалци кои ќе се грижат за нив.

Креативниот Центар „Мали Креативци“ за своите посетители има развиено различни активности кои опфаќаат развивање и учење на моториката кај децата за различни потреби.

Пример, една од активностите, кои ќе бидат дел од креативната едукација на децата, е како од парче хартија можат да направат едноставен подарок за нивната мајка, баба, сестра или тетка кое ќе им го подарат за било кој празник или без повод во било кој ден од годината, тогаш кога ќе посакаат т.е. тогаш кога ќе почувствуваат потреба и желба за тоа.

За сите деца ќе се грижи персонал кој е соодветен и обучен за работа со деца а за секоја наредна активност ќе бидат ангажирани професионалци т.е. стручни соработници кои работат на проблематиката која ќе биде спроведена како активност во центарот.

Стручните соработници ќе бидат воедно и ментори за време на изработувањето на активностите за кои се говорело на часовите ќе бидат луѓе кои професионално или како хоби ги работат истите работи кои треба да ги презентираат на децата. Како пример би споменале дека за време на активностите за изработка на рачен накит и рачно изработени украси со децата би работел соработник на центарот кој како свој бизнис има изработка и трговија на рачно изработени предмети и накит.

Зошто од 5 до 12 години?

5 до 12 години е критичниот период каде децата почнуваат и во континуитет ја запоставуваат креативноста. Како резултат на новосоздадените обврски за во училиште или од самиот почеток од предучилишните институции децата влегуваат во системот наречен правила на учење. Секое дете се среќава со нови ситуации за кои е потребно време за прилагодување и труд за совладување на новите принципи на функционирање.

Малите креативци ќе имаат можност да:

- Бидат дел од соодветна атмосфера за креирање

- Функционираат во одлични услови за работа

- Бидат дел од група на дечиња во која ќе одговараат

- Го откријат предизвикот секогаш да ги изразуваат своите желби, потреби и импресии

- Ја подигнат самодовербата

- Ја поттикнат својата креативност

- Се дружат и натпреваруваат

Повеќе информации можете да најдете на нивната Фејсбук страница.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg