Традиција и модерен дизајн во 66m2
Оригиналниот изглед на овој стан не е ништо друго освен мешање на модерниот стил со традиционални додатоци.
Станот се протега на 66 m2 уредени во повеќе стилови, со употреба на различни материјали кои одлично се вклопуваат.
Белите ѕидови и вградени плакари се првиот модерен, а воедно и безвременски детал кои ја дава главната свежина и светлина на овој стан. Во комбинација со дрвениот под се создава контраст и топлина.
Комбинацијата на црно-белиот ентериер е секогаш прекраснa. Што се однесува до декорот во овој дом, тој е сегментот каде што традиционалните и класични парчиња доаѓаат до израз.
Балансот на бои, текстури и стилови е причината што овој стан изгледа елегантно и шармантно.