Полуинтелектуалец

Полуинтелектуалец е човек типичен за нашево време. Тој нема завршено образование, но се има изнаслушано и изначитано доволно за да може да им парира на останатите „природно образовани“.

poluintelektualec

Во суштина, тој не знае и нема ништо, но ги застрашува другите со нешто што чул – недочул добро, или не разбрал. Кога ќе се обиде да каже нешто самостојно, одеднаш тоне во својата каша.

За него е сè просто, достапно, сè решава лесно и крајно самоуверено. Чесноста за него е непознат поим, верува во силата на лагите, интригите и пороците.

Трагично е што овие ликови секогаш сакаат да се истакнат дека знаат повеќе од оној кој го посветил целиот живот на таа област. Секогаш си мислат дека се најпаметни, а се доволно слепи за да не го увидат ова.

Најчесто воопшто не вреди да навлегувате во дискусија со овие личности, освен ако имате дебели нерви. Секако ќе излезете несфатени, а само повеќе изнервирани.

Познавате ли вакви личности?

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg