Дечкиве се закон: Уличен џубокс во Њујорк (видео)
Овие двајца момци решиле од нивната улична изведба да направат вистински „џубокс во живо“ каде публиката си ги бира песните, а тие свират.
Овој тим на доста креативен начин реши да се прослави, и да собере повеќе пари, со тоа што на публиката и нуди неколку начини на свирење.
Тие поставиле 6 тегли и ги одбележале со: бавно, брзо, слободен стил, Бах, Лејди Гага и Мајкл Џексон. Кога некој од минувачите ќе стави паричка во која било од овие тегли, дечките опремени само со виолина и чело, почнуваат да свират на тој начин.
Што е уште посупер? Момците ги донираа сите пари што ги заработија за Wingspan Arts – организација која ги поддржува младите уметници во Њујорк.