Мравји свет без секс
Тип на мравки кои се пронајдени во Амазонија, се размножуваат без секс и кај сите мравји единици останати се само женки, откриваат истражувачите.
Овие мравки се размножуваат со клонирање, на асексуален начин, пренесува BBC.
Научниците го открија овој мравји живот кој се размножува без секс, со дисекција на женските инсекти, при што било воочено дека женките се неспособни за парење, бидејќи им е закржлавен клучниот орган на репродуктивниот систем.
Асексуалната репродукција на мажјаците од неоплодени јајца е нормален дел на репродуктивниот циклус кај некои инсекти, но за женките – мравки ова е многу ретка појава, изјавија научниците.
Научниците се уште не знаат од која причина овој тип на мравки станале асексуални, ниту колку долго оваа појава се развивала.
Но, тие укажуваат на предностите на овој тип на размножување, бидејќи во секоја генерација се дуплира бројот на женки за 50% или 100%.
Тие исто така наведуваат дека со комбинирање на генетскиот материјал, идните генерации би имале поубава боја и поголема отпорност на паразити и болести.