3 начини да прекинете бескрајно досаден разговор
Што е полошо? Да се заглавите во лифт, во гужва на улица или во бескрајно здодевен разговор од кој не можете никако да се извлечете?
Ако одговоривте потврдно на последното, проверете ги овие суптилни решенија кои ви ги нудиме:
1. Направете пауза од разговорот. Малите, бели лаги, се секогаш добредојдени. Ако треба, лажете дека мора да отидете во тоалет на неколку минути за да побегнете од личноста која упорно дрнда на тема што не ве интересира. Откако ќе се вратите, започнете нов разговор.
2. Ласкајте. Давањето комплименти секогаш пали, особено во вакви ситуации. Следниот пат кога ќе се најдете во ситуација да слушате нешто досадно, прашајте ја личноста од каде има толку многу информации за таа тема. Секако ќе сака да се пофали со успесите, па веројатно нема да биде проблем да ја промените темата.
3. Играјте си асоцијации. Иако темата можеби не е никако поврзано со она на што вас ви асоцира, искористете го тој факт за да почнете разговор за нешто друго.