Уредете го домот во црно-бело
Мал, но шармантен црно-бел стан, со елегантен ентериер и декор. Во 48 m2 се сместени дневната соба, кујна и мини спална соба.
Белите ѕидови и природната светлина се главните моменти во целиот ентериер кои ја даваат пространоста на прилично малата површина.
Контрастот кој владее низ целото внатрешно уредување е свежината која што е потребна на целиот стан. Големиот број на полици и фиоки се полн погодок за потребната организација.
Кујната е најголемиот простор, со најголем број елементи, вклучувајќи ја и трпезаријата. Дневната соба не е многу голема, меѓутоа заради начинот на кој се распределени елементите, делува сосема прикладно. Спалната соба се граничи со два ѕида и со мала работна маса која создава сосема посебна зона за одмор.
Одлично опремените 48 m2 и двете тераси за одмор и уживање изгледа се доволни за да се создаде топол дом.
Имате причина плус да го уредите домот во црно- бело. Секогаш ќе ви текнува на нас! :)