Како да отстраните лак за нокти од секоја површина?

Не ретко се случува малку лак да ни капне при лакирањето на ноктите. Но, само затоа што случајно го излакиравте своето здолниште, биро, или каучот, тоа не значи дека лакот треба таму да остане.

kako-da-otstranite-lak-za-nokti-od-sekoja-povrsina

Колку побрзо реагирате, толку подобро, и повеќето материјали добро реагираат на растворувачи кои веќе се врткаат низ вашата куќа.

Отстранување на лак за нокти од дрво

Прво правило: не користете отстранувач за лак за нокти на дрвото. Тоа всушност го уништува завршниот слој на дрвото и остава нови дамки кои изгледаат уште полошо. Без паника, затоа што сепак постои навистина лесен начин да го решите овој проблем. Само испрскајте на истурениот лак со многу спреј(лак) за коса, оставете го да отстои околу 20 секунди и потоа со памуче избришете. Можеби ќе биде потребно да го повторите овој процес неколку пати, но е многу подобро отколку да имате флекав мебел.

Отстранување на лак за нокти од платно

Веројатно еден од најчестите проблеми со лакот за нокти, а истовремено и малку зафркнат. Отстранувачот на лак за нокти може да навлезе во одредени бои и ткаенини (тоа всушност ќе го стопи ацетатот), па затоа направете мал тест на една точка пред да го употребите. Ако го употребите на ткаенина, задолжително исперете го парчето облека потоа. А, ако отстранувачот на лак за нокти не е опција, секогаш можете да се обидете со лак за коса. Хемискиот растворувач исто така најчесто може да отстрани лак за нокти, па ако не можете сами да го отстраните однесете ја облеката на хемиско чистење.

Отстранување на лак за нокти од коса

Ако сте биле во брзање и на крај сте завршиле со уништени нокти и обоена коса, има многу лесно решение. Доколку лакот е се уште влажен, само земете отстранувач на лак за нокти без ацетон и поминете врз офарбаните прамени коса. Ако е веќе исушен, ставете кондиционер или некое природно масло (ореово, чичково и сл.) и тријте го на косата се додека не почнат парчињата лак да паѓаат.

Отстранување на лак за нокти од тепих

Прво, каква боја е вашиот тепих? Ако е светла боја или бел, најдобро е да користите отстранувач на лак за нокти без ацетон. Ако е темен и не сте сигурни дали бојата на лакот може да го уништи, обидете се со лак за коса или потурете алкохол и потоа пробајте да го отстраните со сунѓер или хартиена крпа. Немојте да се откажувате ако изгледа дека лакот излегува многу полека, без крај - сепак сакате да го извадите целиот.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg