Комотно уреден стан од 35m2
Станот кој зафаќа само 35m2 сепак изгледа прилично големо, благодарение на внатрешната структура и дизајн.
Тајната на прекрасниот изглед е минималистичкиот ентериер, исклучувајќи ги бескорисните и непотребни детали.
Внатрешноста е поделена на 2 основни области. Дневната соба е одвоена од трпезаријата исклучиво со малку повеќе простор. Единствено кујната е одделена од останатиот дел од станот.
Боите на мебелот се внимателно одбрани, сиви и кафени нијанси, во комбинација со шарени декорации и детали. Голем број на функционален мебел, вклучувајќи ги полиците и фиоките се најдобрите пријатели на малиот простор.
Стилот на целосниот ентериер се наоѓа во средината помеѓу традиционалното и модерното.
Големите прозорци и природната светлина се еден од најважните детали кога станува збор за зголемување на 35 m2.