5 филмски клишеа, невозможни во реалноста
Во колку филмови само гледаме некои нелогични работи од типот на девојката иако само по долна облека, без страв оди да види дали некој провалил во другата соба или трча на штикли во шума?! Абе ајде.
Ова се некои од најчестите сомнителни ситуации:
Онесвестување со хлороформ
Честа сцена во многу мистериозни филмови е старото добро онесвестување со крпче натопено со хлороформ. Како прво, ова не е можно бидејќи оваа супстанција го губи дејството веднаш штом се измеша со кислород, а во некои филмови на жртвата ѝ треба подолго време додека се онесвести – значи ништо од финтата во реалноста.
Паѓање во стакло
Ниту една добра акција не може да помине без главниот лик да фрли некој или него да го фрлат низ прозорец и него потоа ништо да не му е, веднаш си продолжува со тепање, возење, бегање и сл. Молам? Па само една срча од стаклото ако ви се забие во лице или било каде, тешко вас, а не цело стакло.
Автомобили што експлодираат
Дали на серија или филм, речиси сите поголеми бркотници со коли завршуваат со некоја од нив да се „удри“ некаде и да има голема експлозија, дури некои и малку ќе се удрат па се случува истото. Повторно, нема шанси. Науката вели дека за да дојде до експлозија мора да се помешаат точно количество на воздух и испарување на бензин за да дојде до ова, а тоа е тешко да се постигне.
После убиство
Во филмовите гледаме како главните детективи или ликови, после некое убиство си одат во дома или кафана и се опуштаат како ништо да не било. Фактички после секое убиство детективот треба да остане уште долго време додека помине испитување од внатрешна контрола и низа форензичарски служби.
Хакнување на компјутер
Една од најиритантните работи на филмовите е моментот кога некое детиште, обично со наочари и подолга коса, за само неколку минути влегува во кој сака систем на светот или ја пробива најсложената шифра – како во „Сабјарка“ кога нашиов хакер за само 60 секунди проби шифра со не знам каква заштита.
Како прво, за и најмала шифра да се пробие потребни се едно чудо мали програмичиња, но и информации, па и тогаш знае да трае со часови или денови, а не за минута- две.