10 причини зошто да пиете кафе
Ако кафето е вашиот најдобар пријател кој ви помага да го издржите денот, можно е да ви недостасува сон или здрави намирници во исхраната, затоа што кафето не ја надоместува здравата храна.
Но, од кафето има и некои користи.
Иако претераното пиење кафе не е добро, шоља до две кафиња на ден не би требало да ви наштетат.
1. Личностите кои пијат кафе имаат 25% помалку ризик за развој на камен во жолчка.
2. Жените кои пијат кафе секојдневно имаат за околу 20% помалку ризик за развоја на депресија
3. Кафето мое да ви ја поправи меморијата.
4. Оние кои пијат кафе имаат помал ризик од развој на дијабетес тип 2.
5. Кафето го намалува ризикот од развој на рак на градите, простатата и црниот дроб.
6. Кафето го поттикнува метаболизмот и може да ви помогне да одржите здрава тежина, па дури и го олеснува губењето килограми.
7. Ако пиете кафе во текот на целиот живот, имате помал ризик за развој на сенилност.
8. Кафето помага вашето тело да се бори против слободните радикали.
9. Ја подобрува физичката способност.
10. Шоља кафе во комбинација со вежби за тело помага во заштита од сонцето, т.е. го намалува оштетувањето на кожата настанато од сончање, а со тоа ве штити и од рак на кожата, покажало истражување од 2008 година.