Најново од Coca Cola - освежителни капки

najnovo-od-coca-cola-osvezitelni-kapki

Најновиот пијалок на Кока-Кола нема да биде спакуван ниту во шише ниту во конзерва. На луѓето ќе им требаат само капка или две за да ја изгаснат својата жед.

Најголемата светска компанија за производство на пијалаци ќе ги претстави своите “Дасани капки” за неколку недели, кои со капнување во вода се одлично решение за одличен овошен вкус во истиот момент. Кока-Кола верува дека постои голем потенцијал за раст.

“Мислам дека постои можност за многу повеќе од вода со вкус”, изјави Џон Роди, потпретседател на бизнисот со водата, чаевите и кафето на Кока-Кола за Северна Америка.

“The Coca Cola Company” не е првата што пушта во продажба вакви капки. Пионери во категоријата беа капките на “Kraft Foods Inc.” - МиО, кои беа презентирани во март 2011.

Капките се популарни бидејќи доаѓаат во мали, преносни кутивчиња кои можат лесно да се сместат во чанта или дури и во задниот џеб од панталоните. И за разлика од пакетчињата со пијалоци во прав, луѓето можат да одлучат колку капки сакаат да стават во нивната вода. Мало шишенце со капки може да содржи повеќе од 24 дози (за сервирање), што значи дека луѓето ќе заштедат на пари што би ги потрошиле на шишиња чај или вода со вкус.

Исто како и кај капките “МиО”, “Дасани капките” користат вештачки засладувачи и имаат нула калории.

Сега Кока-Кола се подготвува да го заземе своето место во оваа категорија. Роди вели дека планот е капките “Дасани” да се продаваат секаде каде што се продава нивната флаширана вода “Дасани”, вклучувајќи ги супермаркетите и сите други продавници.

“Планираме овој производ да биде распространет насекаде”, вели тој.

Капките “Дасани”, кои ќе чинат околу $4, ќе се најдат на рафтовите од почетокот на октомври. Компанијата ќе започне со 4 вкуса, но веќе се планирани дополнителни вкусови од наредната година.

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg