Руска игра - легни на пругата!
Навистина не ни е јасно дали Русите се “луди“ заради премногу водка, поради Чернобил или нешто трето. Во главно, да - откачени се, а новата игра...
...на руските тинејџери само го потврдува тоа.
Руските тинејџери имаат нова забава. Не, не се пијанчат и забавуваат до раните утрински часови како останатите тинејџери од светот, тие си најдоа сосема друга занимација - легнуваат на железничките пруги во моментот кога пристигнува возот.
Трикот е во тоа што мораат да легнат пред возот пред да стигне машиновозачот да закочи, затоа што само кога е во полна брзина возот проаѓа доволно високо над пругата. Доволно високо- во овој случај значи 5-6 сантиметри над грбот на децата кои лежат на пругата.
На оваа глупава забава се приклучуваат и девојчињата кои се поситни за полесно да се вклопат во пругата. Не мораме да ви кажеме да не ви падне на памет вакво нешто нели? Можеби сте откачени, но не и глупави!