Првиот McDonald's ресторан во светот
McDonald’s деновиве кај нас прослави 15 години постоење, но во светот постои веќе 72 години, односно од 1940 година кога е отворен првиот ресторан на најпознатиот синџир за брза храна во светот.
Светски познатиот синџир за брза исхрана кој секој ден опслужува 68 милиони корисници во 119 земји низ светот, започна со работа во 1940 година како ресторан за скара, кој го започнаа браќата Ричард и Маурис Мекдоналдс на улицата 1398 North E Street at West 14th во Сан Бернандино, Калифорнија.
Во 1948 година, кога браќата сфатија дека најголем профит им доаѓа од хамбургерите, тие го пренаменија ресторанот само со едноставно мени за брза храна кое опслужувало хамбургери, еден вид на помфрит и сок. Следната година во менито биле вклучени помфритот како што го знаеме денес и Кока колата.
Денес овој ресторан, заедно со уште еден во Илиноис, служат како музеи каде на посетителите им се достапни сите униформи и алатки од тоа време.