Стан каков што посакува секоја жена
Минијатурниот стан од 45 метри квадратни, внатрешниот дизајнер Маурисио Карам го претвори во станот од соништата на секоја девојка.
Овој стан е прекрасен пример за тоа како се оптимизира просторот кои го имате на располагање, се со цел да се претвори во функционална и ефикасна целина.
Станот се наоѓа во Саo Паоло, Бразил. Како просторија бил неупотреблив, сè до реновирањето.
Со отстранување на неколку ѕидови, просторот станал речиси непрепознатлив. Дрвениот под бил уште еден новитет кој допринел до модерниот и простран изглед на ова живеалиште.
Уреден е во минималистички модерен стил, претежно во виолетови и сиви нијанси. Заедно со неколку модерни декоративни детали, овој стан се смета за еден од најпосакуваните од страна на женската популација.