Како да одберете долна облека за подарок за вашата сакана?

kako-da-odberete-dolna-obleka-za-podarok-za-vasata-sakana-1

Веќе добро познато е дека долната облека е најпопуларна меѓу понежниот пол и едноставно уживаат да ја добиваат како подарок од нивните сакани. Но, изборот на женска долна облека за мажите е по малку ризичен избор.

Доколку навистина сакате да ја израдувате со секси парче, вреди да ги прочитате следниве совети кои ќе ви го олеснат изборот.

Бидете сигурни дека ја знаете вистинската големина. Големината е навистина важна, затоа е и прва точка на списокот. Проверете во нејзината фиока и обрнете внимание на етикетата или пак прашајте ја нејзината пријателка\сестра.

Не правете радикален избор. Веројатно знаете каков тип на долна облека и е најудобен на вашата девојка, па затоа не одбирајте нешто во кое никогаш не сте ја виделе.

kako-da-odberete-dolna-obleka-za-podarok-za-vasata-sakana-2

Но, не одете и на најсигурната варијанта. Ниту една девојка не посакува долна облека која е едноставна и досадна. Пробајте да најдете секси парче во кое едноставно можете да ја замислите вашата девојка како го носи. Пробајте со нешто посекси од секојдневното, но не претерувајте.

kako-da-odberete-dolna-obleka-za-podarok-za-vasata-sakana-3

На крај, нема ништо лошо во тоа да побарате професионална помош. Не заборавајте да се консултирате со лицето коe ви ја продава облеката. Тие најчесто се обучени да им помогнат на оние кои не се снаоѓаат баш најдобро во тој избор.

Во случај да не сте во можност да трошите многу пари на свила и чипка, одлучете се за едно парче наместо цел сет. Верувајте дека нема да ви замери, напротив, ќе биде пријатно изненадена што сте прифатиле таков ризик.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg