Првата реклама за Застава „сто еден“ (видео)
Сите знаеме дека Југославија не произведувала некои луксузни автомобили од кои би останале подзинати, но сигурно постарата популација се сеќава кога за прв пат на улиците се појавила легендата „Сто еден“.
Колку и да звучи иронично од денешна перспектива, на времето Застава/Скала 101, Југо Корал 45, 55, 65 и Застава 750 (попозната како Фиќо) навистина беа најбројни и популарни возила во цела Југославија (па дури се возат и до ден денес) – пред сè поради нивната ниска цена, просечен квалитет и „добри“ перформанси.
Еве ја првата реклама за Застава 101, кој почнал да се произведува во 1971 година, каде можеме да видиме (веројатно) манекенка во мини во заводлива поза како седи на хаубата и над неа напис кој вели „Силата се чувствува...“ – од што сами треба да протолкувате за што точно се работи, дали за девојката или автомобилот.
Во секој случај креативно за тоа време.