Богаташите се срамат
Некогашните статусни симболи на богатите – приватни и екслузивни авиони, во време на светска рецесија, наместо статус на богатите - им предизвикуваат срам.
Овој податок е поткрепен со најновите детали и статистики дека моментално повеќе од 300 скапоцени приватни авиони чии сопственици се луѓе од богатата елита низ Европа, се на продажба.
Според податоците на Џет Република - клуб на сопственици на авиони, 49 се продаваат во Велика Британија, а вредат скоро 441 милиони евра.
Велика Британија се наоѓа на второ место во Европа по бројот на регистрирани приватни авиони, веднаш зад Германија.
“Многу компании кои имаат приватни авиони мораа да ги продадат, за да не се најдат на удар на политичарите, инвеститорите и другите заинтересирани лица”, објаснува директорот на Џет Република.
Тој додаде и дека поседувањето на приватен авион се гледа како на знак екстравагантност и бесчуствителност во однос на моменталната економска ситуација.
Годишните трошоци за одржување на приватен авион со средна големина изнесува околу 3 милиони евра, а за изнајмување на истиот, богаташите ги чини околу 1,5 милиони евра.