Костумот на Бетмен низ историјата
Оваа година костумот на Бетмен полни дури 75 години и во текот не неговото постоење, опфатено во стрипови, филмови и компјутерски игри, има доживеано неверојатни промени.
Овој пат ќе ги разгледаме само костумите од филмовите за Бетмен:
Серија „Бетмен и Робин“ емитувана од 1943 до 1949 година – тука Бетмен личи повеќе на страшило отколку на лилјак.
1989 година – Бетмен, под режија на Бартон, веќе го добива и оклопот кој го прави овој јунак уште помашки.
1992 година – Тука Мајкл Китон го глуми Бетмен кој со новото одело дава помалку нереална слика за неговите стомачни и градни мускули.
1995 година – Во „Бетмен засекогаш“ Вал Килмер го глуми Бетмен и повторно, барем десната слика, дава нереална слика за телото на овој јунак.
1997 година – Во „Бетмен и Робин“, покрај Бетмен, кој го игра Џорџ Клуни, се појавуваат уште два нови карактери – лево, „Бетменка“ која ја игра Алишија Силверстоун, и, десно е Робин, кој го игра Крис О’Донел.
2005 година – Со „Batman Begins“ започнува триологијата на Кристофер Нолан, каде Брус Вејн го игра Кристијан Беил.
2008 година – Во „Темниот витез“, три години подоцна, костумот на Бетмен добива во мускулест изглед.
Пред само неколку дена беше премиерата на најновото продолжение од трилогијата –„The Dark Knight Rises“.