Ексклузивно: Како се снимаше Coca-Cola химната за Лондон 2012
Move to the Beat, е краток документарец со кој Coca-Cola ја буди тинејџерската страст меѓу спортот и музиката со цел да ја зголеми возбудата за Олимписките игри. Кампањата е направена за активно да ги вклучи младите од целиот свет и да поттикне движење, креативност и интеракција.
Дел од кампањата е и ексклузивна музичка трака која ги обединува звуците на музиката, спортот, Лондон и Coca-Cola со цел да создаде глобална Coca-Cola музичка химна за Лондон 2012. Процесот на креирањето на химната е прикажан во овој возбудлив документарец.
Епизодите ги следи глобалниот ди-џеј Марк Ронсон, низ целиот свет, во периодот од јули до октомври 2011, посетувајќи 5 надежни млади Олимпијци, снимајќи ги звуците на нивниот спорт. Во овој музички експеримент, Марк ги замислува сите спортисти како инструменти во оркестар, истражувајќи ги различните звуци кои настануваат за време на нивното спортување. Ова уникатно патување е документирано за сите да можеме да ѕирнеме како изгледа креирањето на химната за Олимписките игри.
Спортистите кои учествуваат во документарецот се – Дејвид Оливер, 29, 110m трчање преку пречки од САД; Ксенија Вдовина, 24, 400m спринтер од Русија; Дајан Џафар, 17, стрелец од Сингапур; Мариа Еспиноза, 23, Таеквондо атлет од Мексико; и Дариус Најт, 21, пинг понг играч од Велика Британија.
Во прилог е најавата за докуметарецот, а од утре ексклузивно ќе ги објавуваме останатите видеа, дел по дел.