Најдобрите филмски стриптиз сцени на сите времиња
На филмските платна и малите екрани секогаш имало голотија, но некои филмски сцени секогаш ќе останат запомнети како врвни.
Ова е нашиот избор на најдобрите стриптиз моменти од големото платно:
1. Ким Бесинџер во „Девет и пол недели“. За очите на Мики Рурк преубавата Ким изведе стриптиз кој ќе остане запаметен иако филмот датира од 1986.
2. Линдзи Лохан во “I know who killed”. Лошата девојка се снајде одлично во улогата на стриптизета во трилерот на Крис Сиверстоун.
3. Пенелопе Круз во “Nine”. Секси шпањолките отсекогаш одговарале во ваквите улоги, а овде Пенелопе е неверојатно сензуална.
4. Џесика Бил во “Powder Blue” – сите можат да му позавидат на Џастин Тимберлејк после оваа сцена.
5. Елизабет Беркли во "Showgirls". Филмот не е некое ремек дело, но танцот на Елизабет е заслужено во оваа листа.
6. Џесика Алба - "Sin City". Култниот филм на Френк Милр, Роберт Родригез и Квентин Тарантино разубавен со сцената на Алба.
7. Ребека Ромињ во "Femme Fatale". Во теорија, ова е најжешкиот стриптиз наменет за еден маж каде Ребека Ромињ го заведува Антонио Бандерас. Кој би одолеал?
8. Деми Мур во “Striptease”. Секако, оваа листа не би била целосна без Деми Мур.
9. Џејми Ли Кертис во “True Lies”. За да го погледнете ова видео на YouTube треба да имате повеќе од 18 години – самото ова ви кажува колку е жежок нејзиниот стриптиз.
10. Салма Хајек – “From dusk till dawn”. Филмот кој ја прослави Хајек.
11. Салма Хајек во “Dogma”. Мексиканката дури два пати на оваа листа.
12. Натали Портман во "Closer" – улога за која беше номинирана и за Оскар.