Единствениот воз под шини
Wuppertal Schwebebahn или лебдечкиот воз во Германија е единствениот воз во светот кој се движи под шините, што на своите патници им овозможува неверојатна релаксација и уживање при патувањето.
Се разбира, неговата првична намена не било пејзажот, туку функционалноста, бидејќи на крајот на 19 век кога се граделе масовно пруги, во Вупертал, немало место на патиштата за шини. Не било изводливо ниту градење на метро поради карпестата почва на градот, па така инженерите го смислиле ова решение.
Пругата се протега 13 километри над градот, па дури и по 100 години, тоа е најбрзиот начин да се заобиколи целиот град. Токму необичниот дизајн на возот, кој дневно пренесува околу 82,000 патници, го спасило во Втората светска војна.
Wuppertal Schwebebahn, исто така, е прогласен за најбезбеден транспорт на сите времиња, бидејќи од неговото 100 годишно постоење, забележана е само една несреќа во 1999 година.