Девојката што патува...

devojkata-sto-patuva

Излегувајте со девојка која патува. Поканете на состанок девојка која попрво би заштедила за патувања надвор од градот, а не некоја која попрво ќе ги потроши парите на облека или чевли. Таа можеби нема да изгледа како модна икона, но позади потемнетото лице од сите денови на сонце, лежи ум и отворено срце кои ќе ве прифатат онакви какви што се, не такви какви што би можеле да бидете.

Излегувајте со девојка која патува. Ќе ја препознаете по багажот кој секогаш го носи со себе. Таа нема да носи голема торба. Напротив, носи мало ташниче каде и се сместени сите практични работи – влажни марамчиња, грицки, шише вода – секогаш спремна ако случајно не се врати дома вечерта.

Девојката која патува знае дека во секое време може да се случи нешто непредвидливо и дека треба да бидете подготвени. Ништо не ја изненадува. Таа независна личност на која може да е потпрете.

Девојка што патува ќе ја препознаете по тоа што таа секогаш е воодушевена од светот околу неа, без разлика дали е во својот роден град или на тотално ново место. Таа ја гледа убавината околу себе – не само она што е прикажано во туристичките водичи и на разгледниците. Таа нема да ве осуди никогаш, ниту ќе ве тера да правите работи кои не сакате да ги правите.

devojkata-sto-patuva-1

Можеш да погрешиш со девојката која патува, и да бидеш најголемиот идиот на светот. Таа видела толку многу полоши работи низ своите патувања и го знае многу добро човечкиот вид со сите мани и доблести.

Излегувај и вљуби се во девојка која патува затоа што кога си со неа ќе сфатиш дека иако таа преспала во Ангкор Ват, крстарела по делтата Меконг или шетала по пештерите на Филипините, сега е крај тебе, а е полна спомени. Таа е свесна дека посетила многу места, но се радува на фактот дека светот е големо место и таа видела само еден мал дел од него. Ти си за неа доволен, секогаш.

Кога ќе запознаеш девојка што патува, прашај ја каде била и каде ќе оди следно. Таа ќе го цени твојот интерес, а ако си среќен можеби ќе те покани да одиш со неа. Ништо не ги зближува луѓето како патување. Ќе имате можност да ги видите вашите добри и лоши карактеристики и да одлучите дали е вредно да се борите еден за друг.

Купете и мали работи кои таа заборава да си ги купи – карабинер за багажот, мал аларм, паричник за околу појас, практични ситници кои ќе и се најдат.

На неа нема да и пречи ако се загубите на патот каде треба да се состанете. Таа е свесна дека често пати патувањето е позначајно од дестинацијата. Таа ќе ти помогне да ја видиш посветлата страна на нештата. Таа ќе оди до тебе и ќе ти ги покаже интересните работи кои ќе ги сретнете на патот. Пред да се освестиш, ќе сфатиш дека патувањето е далеку поубав спомен од дестинацијата каде си планирал да ја одведеш.

Дали вреди да се бориш за девојка која патува? Да. Па кога ќе ја најдеш, сочувај ја. Немој да ја загубиш заради своите несигурности и сомнежи. Кога ќе ти каже дека те сака, таа навистина го мисли ова. На крајот на денот – таа видела толку многу работи, запознала толку многу луѓе, и те одбрала тебе.

Вљуби се во девојка која патува. Направи да се чувствува сигурно, топло и безбедно. Направи да поверува дека без разлика каде и да оди и колку и долго да ја нема, ти секогаш ќе бидеш тука за неа, во местото кое е нејзин дом.

Пронајди девојка која патува. Излегувај со неа, сакај ја, ожени ја – никогаш повеќе твојот свет нема да биде ист како порано.

Побогат. Посреќен. Исполнет.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg