Скараџии, ова ќе ви се допадне!
Ова е совршено решение за оние кои прават скара во домашни услови, но сакаат местото да има „шмек“ како да е правено на ќумур.
Токму тоа го нуди уредот- скара Element Indoor Smokeless BBQ. Овој уред, всушност, претставува скара која може да работи на обичен електричен шпорет или шпорет на гас и тоа го користи за да ја загрее подлогата од ќумур во неа.
Значи исто како да печете месо на обична скара со ќумур во природа – само што со ова, нема да се мачите да распалувате, па да печете, туку само печете.
Како и кај секоја нормална скара, и тука можете да ја подесувате висински решетката за да го добиете саканиот ефект.
Што мислите за изумов? Ќе го биде ли кај нас?