Цицлести келнерки го одржуваат прометот во рестораните
Американскиот ресторан "Твин Пикс" нуди посебен вид на освежување за своите гости во кризните времиња.
Освен вкусната храна, тие може да уживаат во погледот на природните убавини на импресивното деколте на келнерките.
Сопственикот на ресторанот Ренд Девит истакнува дека специјалитетите на ресторанот се она што допринесува гостите повторно да се враќаат, но и не мала заслуга за тоа имаат и разголените келнерки.
"Твин Пикс" наречен по планината со два врва, што секако не е случајно) спаѓа меѓу новата група на ресторани, во кои гостите ги услужуваат згодни и оскудно облечени келнерки.
Првиот ваков ресторан бил “Хутерс”, отворен во осумдесеттите. Со желба да внесат нов живот со таканаречените „бресторани“, нивните сопственици се трудат на нивните гости да им понудат нешто повеќе.
Дваесет и двегодишната Роуз Димов, најстарата келнерка во ресторанот, вели дека нејзината работа не се разликува од работата на било која келнерка.
- Се трудиме гостите да се чувствуваат исклучително и убаво да си поминат – вели Роуз.