Ајде да ве видам небричени на плажа!
Дали сте знаеле дека само околу 12% од жените сакаат брада кај мажите, а 71,6% од мажите преферираат средена бикини зона кај жените?
Бричењето е голем дел од нашиот живот. Оваа реклама која ја споделуваме е на Gillete, и бидејќи е од минатото лето, може да ги споделиме и резултатите. Станува збор за интересна, смешна, уникатна кампања која ќе остане запомнета, а ќе ги натера луѓето да се бричат.
Ги креирале пешкирите за на плажа со дупки на одредени позиции. Коа се поставени на трева, таа пробива низ дупките и се постигнува замислениот ефект.
Gillete поставија илјадници од овие пешкири на јавни места низ Германија. Дали кампањата беше ефективна?
Со оглед на тоа што ова се случувало токму пред почетокот на летото, пешкирите во најголем дел биле украдени, и кампањата завршена уште и пред да почне.
Многумина мислат дека немало успех, но Gillette го има финалниот збор.