Книги што ве прават одбивни

Книгата не се суди според корицата, ама во анкетата на Flavorwire читателот се суди според она што го чита. Ако сте возрасен со „Ловец во ’ржта“ на Селинџер во рака, тогаш сте незрели, а ако го читате Достоевски сте депресивни.

Дали вие извлекувате заклучоци за луѓето според книгата што ја читаат на плажа или во автобус? Сѐ е прашање на вкус, а најголемиот дел од анкетираните се согласиле дека не им се по вкус луѓе кои читаат:

Буковски

knigi-sto-ve-pravat-odbivni-1

Најлесниот начин да одглумите дека сте несфатен уметник и страшно возбудлива личност. Финтата ќе ја голтнат само оние кои го прават истото шетајќи се со својот примерок од „Блудниот син“.


Fear and Loathing in Las Vegas

knigi-sto-ve-pravat-odbivni-2

Fear and Loathing in Las Vegas: A Savage Journey to the Heart of the American Dream или дрога, дрога и ја открив книгава благодарение на Џони Деп.


The Game: Penetrating the Secret Society of Pickup Artists
и The Rules: Time-Tested Secrets for Capturing the Heart of Mr. Right

knigi-sto-ve-pravat-odbivni-3

Сите бегаат од мажи кои ја играат „Играта“ и жени кои ги следат „Правилата“.


Самопомош

knigi-sto-ve-pravat-odbivni-4

Како да ја подобрите комуникацијата во врската, како да се збогатите, како до успех во 10 чекора и 5 минути, како да си најдете пријатели... Мажите се од Марс, жените од Венера, ама книгите за самопомош не се за во јавност.


Fifty Shades of Grey

knigi-sto-ve-pravat-odbivni-5

Читање еротски роман во јавност? Подобро не.


Само класиците

knigi-sto-ve-pravat-odbivni-6

Проблемот не е во Толстој, ниту во Дикенс, туку во луѓето кои читаат само и единствено одобрена литература. Ако го читате само она што другите веќе го пофалиле, значи и дека размислувате онака како што сите други мислат.


Популарните

knigi-sto-ve-pravat-odbivni-7

knigi-sto-ve-pravat-odbivni-8

Ако „Самрак“, „Јади, моли се, уживај“ или хитовите на Ден Браун ви се омилени книги, тогаш голема е веројатноста дека сте здодевни и ни малку оригинални.


Празни полици

knigi-sto-ve-pravat-odbivni-9

Одите кај некого дома и забележувате дека нема книги? Тогаш нема ни потреба да се започнува врска.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg