Lemon drop коктел
<Варијациите на тема Lemon drop се одлични за летниот период. Посегнете по совршената слатко-кисела комбинација кога ќе ви затреба брзо и вкусно освежување.
Состојки:
- 50 ml вотка
- 15 ml ликер од лимон или портокал (трипл сек)
- 20 - 25 ml цеден сок од лимон
- 1 лажичка шеќер = шеќер за порабување на чашата
- мраз
Вотката, ликерот, шеќерот и лимоновиот сок добро се мешаат со мраз за да се соединат сите состојки.
Со парче лимон се поминува преку работ на чашата што потоа се втиснува во шеќер.
Варијации:
Ликерот може да се изостави, а количината и соодносот да се прилагоди по вкус.
Наместо обичен, често се употребува растопен шеќер. Во вода што врие се додава шеќер и се меша додека сосема не се стопи. Се прави од еднаква количина вода и шеќер, но ако сакате посилен вкус ставете двојно повеќе шеќер.
Може да украсите и со ливчиња свежо нане.