Ново: Ледено точено пиво со замрзната пена
Јапонскиот производител на пиво "Kirin" за топлите летни денови на муштериите им нуди точено ладно пиво во кригли од пола литар со замрзната пена на врвот.
Овој ефект се постигнува со помош на апарати слични на оние за производство на смрзнат јогурт, а ова пиво останува ладно најмалку 30 минути и на температура од преку 40 степени Целзиусови.
Истражувачите од компанијата утврдиле дека во просек големата кригла се пие за 22 минути, но дека на жените и помладите љубители понекогаш им е потребно повеќе време, па ќе бидат задоволни што на крајот пивото нема да им биде млако.
Точеното пиво со смрзната пена моментално може да се добие во повеќе од 200 локали низ Јапонија, а во план е понудата да се прошири на 1.000 угостителски објекти.
Интерес за оваа иновација се појави и во САД и Европа. Љубовта кон пивото е универзална па се надеваме дека наскоро и ние ќе пиеме грч пиво во секое време.