5 прекрасни плажи низ светот
Искусувањето на нови и најразлични егзотични места со убави плажи претставува незаборавно искуство во сечиј живот. Ви претставуваме дел од...
...најубавите плажи на светот кои дефинитивно се вистинското место каде би можеле да уживате.
1. Anse Source d’Argent
Најпопуларната плажа на Сејшелите во средиштето на Индискиот Океан. Лоцирана е на островот La Digue, познат по бројните спортски центри.
Песокот е со розова боја и дава дополнителна убавина на плажата, единствена мана е што не е најсигурно за капење.
2. Lanikai beach
Водата на оваа плажа е неверојатно чиста и со кристална убавина. Оваа плажа се смета за најубава за пливање во склоп на Хаваите.
Постојат можности за сурфање, едрење, кајакарење, кану и други спортови. Богатиот животински свет е карактеристичен за овој дел од островот.
3. Paradise beach
Брег на Карибите каде безброј млади туристи се забавуваат во летната сезона. Можност да уживате во Медитеранот, да прошетате по многуте продавници, барови и останати локали за забава.
Забранет е пристап на плажата на оние кои не се гости на островот па ќе имате и поголема приватност.
4. Trunk Bay
За многумина најубава плажа на светот. Лоцирана е на St. John во САД. Има најсовремени можности, најситен песок и кристално чисто море.
Кокосовите дрвја се заштитен знак. Постои можност за професионално нуркање. Песочниот дел и дава форма во вид на срце на оваа плажа.
5. Tulum Beach
Во пределот на Канкун лежи оваа песочна плажа со прекрасни карпи. Кога морето е мирно погодно е за нуркање и пливање. Можност за јога часови на брегот, ноќни клубови, масажи и се што ќе посакате за релаксација.