Куќа која менува боја и форма
Рос Расел од Англија ја создаде првата куќа на светот која менува облик и боја со само едно притискање на копче. Потребни се само 6 минути ...
... за челичната конструкција да добие потполно нов облик, да налкува на тотално нова градба од стакло со подвижен кров кој тежи дури 20 тони.
Рос кој е инаку успешен бизнисмен, од самиот почеток сакал нешто невообичаено, па со својот пријател – архитектот Алекс Де Риека, ги провериле комлексните планови за подвижна куќа.
На архитектот му билa потребнa околу една година да го нацрта проектот каков што го замислил Рос.
Оваа куќа е по се единствена конструкција, чиј делови се изработени дел од дрво и челик. Изградена е така да се менува во зависност од годишното време или временска прилика, куќата има контрола за светлина сместена на подвижниот кров.
Летно време е потполно осветлена и отворена, додека зимно време е топла поради дуплата изолација, изјавува Рос.
Тој додаде дека оваа куќа е куќа од неговите сништа, затоа што куќа се гради само еднаш во животот, па не сакал да штеди на ниту еден детал.
Погледенте го клипот како сопственикот и архитектот кои ја создадоа оваа куќа, објасуваат како функционира овој уникатен проект.